Српска ракометарка се сликаше полугола – поради неа сите навиваат за Ц. Звезда (ФОТО)
Гаровиќ објави црно-бела фотографија во дресот на репрезентацијата на Србија, придружена со кратка, но впечатлива порака: „Брате… Боже, знам дека си зафатен…“, најавувајќи дека ќе следи продолжение.
Сепак, фотографијата на Сара во дресот на Србија не е единствената што го привлече вниманието на фановите. Фокусот е и на секси фотографија, на која нејзините голи нозе и гради се во преден план. Таа важи за една од најатрактивните српски спортистки, а тоа често го потврдува и на социјалните мрежи. Споделува приватни фотографии, позира во провокативни и секси комбинации, бикини, што никого не остава рамнодушен и предизвикува бројни реакции.
Гаровиќ во последните две и пол години настапува за Црвена ѕвезда, со која ја освои шампионската титула во Србија. Во текот на кариерата играше за повеќе клубови, меѓу кои Авала, Вождовац, Инѓија, Раднички Белград, Јуниор, Медицинар од Шабац и Бекамент од Аранѓеловац. Има и значајно меѓународно искуство, настапувајќи во Полска, а потоа и во Германија, каде со Борусија Дортмунд забележа запазени резултати и во европските клупски натпреварувања.