Бодо направи нешто што не му успеало никому од 1972 година
До крајот на минатата година, тимот од северот на Европа беше пред елиминација од елитното натпреварување и сите веќе го видоа исфрлен бидејќи требаше да игра против Манчестер Сити и Атлетико. Успеа да ги добие двата меча, тоа го однесе во плејофот, а таму уште два пати го совлада Интер за комплетирање на подвигот.
Со сето тоа, Бодо направи нешто што не му успеало никому уште од 1972 година. Тоа е прв тим надвор од топ-5 лигите во Европа што триумфирал на четири меча по ред против екипи од топ-5 лигите. Последниот кој направил такво нешто е Ајакс во сезоната 1971/72 кога ја освои титулата во тогашниот Куп на европски шампиони.