„Бодо заслужено победи, ама главна цел на Интер е Скудетото“
„Нераѕурите“ знаеја дека им треба нешто посебно за да го избришат поразот од 1-3 од првиот натпревар во Норвешка и сметаа дека е целосно во нивни можности да го сторат тоа на Сан Сиро. Барела го призна поразот и најави борба на домашен терен.
„Примивме гол по индивидуална грешка, тоа се случува во фудбалот, но најтешкото нешто беше да преминеме преку киксот и не го направивме тоа. Бодо заслужува честитки, нè победија дома и на гости, па очигледно заслужуваа да поминат понатаму. Постои разочарување бидејќи никогаш не се криевме од нашата желба да се натпреваруваме за секој турнир. Нашата главна цел останува титулата во домашното првенствои“, изјави Барела.
Интер беше најдобриот претставник на Италија во Европа во последниве години, стигнувајќи до финалето на Лигата на шампионите двапати во последните три сезони под водство на Симоне Инзаги. Миланскиот клуб не испаднал вака рано откако Антонио Конте не успеа да ја помине групната фаза во сезоната 2020-21, но тогаш продолжи во Лигата Европа, додека ова е крајот на неговата континентална кампања.