Желбата за асистенции на Дончиќ им штети на Лејкерс (ВИДЕО)
Тимот од Калифорнија се наоѓаше во водство во најголемиот дел од мечот, имаше и +12, но победникот се решаваше во последните секунди. Трагичар беше Леброн Џејмс кој промаши шут за победа со истекот на времето, но подеднакво виновен е Лука Дончиќ.
Словенецот беше исклучително расположен за асистирање, имаше дури 15 додавања за кош, но во последниот напад можеби требаше да биде малку посебичен. Иако имаше чиста позиција за тројка, тој одлучи да го проигра Леброн кој не успеа да погоди и Лејкерс мораа да се помират со новиот пораз.
Дончиќ го заврши натпреварот со 22 поена, 15 асистенции и девет скока, Ејтон додаде 21 поен и 13 скока, додека Леброн заврши со 21 поен. Најефикасен на мечот беше Паоло Банкеро со 36 поени, 10 скока и шест асистенции.
Орландо фаќа приклучок со екипите кои одат директно во плејофот, додека Лејкерс до крајот на сезоната ќе се борат да го задржат шестото место на кое се воп моментов. Главна опасност е Феникс кој има една победа помалку, но и два натпревара повеќе.
РЕЗУЛТАТИ
Индијана – Филаделфија 114-135
Атланта – Вашингтон 119-98
Бруклин – Далас 114-123
Кливленд – Њујорк 109-94
Торонто – Оклахома 107-116
Чикаго – Шарлот 99-131
Милвоки – Мајами 128-117
Њу Орлеанс – Голден Стејт 113-109
Феникс – Бостон 81-97
Портланд – Минесота 121-124
ЛА Лејкерс – Орландо 109-110