Убавата Радукану го откачи „Најк“ - сега ќе заработува 30 пати повеќе!
Дваесет и тригодишната британска тенисерка во моментов е 25. на светската ранг-листа и полека се враќа на старите патеки на успехот. Покрај резултатите на теренот, Радукану важи и за една од најпопуларните спортистки во светот.
Британката има огромна база на фанови ширум планетата, покрај Обединетото Кралство, особено е популарна и во Кина, од каде што потекнува нејзината мајка, но и во Романија, земјата на нејзиниот татко.
Неодамна таа ја раскина соработката со „Најк“, компанија со која соработуваше од нејзината 15-та година, а сега и официјално беше објавено дека Радукану станува ново заштитно лице на јапонскиот бренд „УНИКЛО“.
Според информациите новиот договор ќе ѝ донесе околу три милиони евра годишно што е дури 30 пати повеќе од она што го заработуваше според претходниот договор.