Aртета веќе донел одлука, Арсенал во летото кое следи ќе плати 52 милиони евра

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета дал зелено светло за активирање на клаузулата со која Пјеро Хинкапи ќе стане првото летно засилување на лондонскиот гигант.

По импресивната сезона како позајмен фудбалер од Баер Леверкузен, „топчиите“ веќе одлучиле трајно да го задржат еквадорскиот дефанзивец.

Арсенал минатиот септември го доведе 24-годишниот Хинкапи на едногодишна позајмица вредна шест милиони евра, со опција за откуп на договорот од 52 милиони евра (45 милиони фунти) на крајот од сезоната. Иако од клубот официјално порачуваат дека конечната одлука сè уште не е донесена, извори блиски до „Емирати“ тврдат дека Артета е воодушевен од тоа како еквадорскиот репрезентативец се вклопил во тимот.

„Пјеро одлично се адаптираше во екипата и во клубот генерално. Сите се презадоволни од него, а тој станува сè подобар и подобар“, изјавил за „ТимТАЛК“ извор близок на фудбалерот.

Една од најголемите предности на Хинкапи е неговата разновидност. Способноста да покрива позиции како централен, така и страничен дефанзивец што е огромен плус за Артета, кој јасно ставил до знаење дека сака да го финализира неговиот траен трансфер.