Жена си го избодела сопругот додека навивал за Елмас и другарите!
За време на мечот меѓу Аталанта и Наполи, судијата Даниеле Кифи поништи пенал поради што збеснал 40-годишниот навивач, кој го гледал натпреварот на телевизор, по што почнал да пцуе.
Неговата 35-годишна сопруга помислала дека ја навредува неа, по што му се заканила дека ќе го избоде со нож.
Откако мажот не прекинал со навредите, таа најпрво го гаѓала со ножици, а потоа земала нож и го избодела во нога, по што била повикана Итна медицинска помош, а пристигнала и полиција, објави „Телеклуб Италија“.
Фото: Napoli FC/Facebook