Престијани отпатува во Мадрид и покрај суспензијата!

Скандалот во режија на Винисиус и Престијани го одбележа првиот меч од дуелот меѓу Бенфика и Реал Мадрид, а страстите никако да се смират.

УЕФА му изрече суспензија на Престијани иако случајот не е завршен, тој не е прогласен за виновен. 

И покрај тоа што тој не може да игра на мечот, Бенфика реши да го води Престијани во Мадрид со остатокот од тимот.

Во негова одбрана застана и претседателот на Бенфика, славниот Мануел Руи Коста.

„Престијани е наречен расист, но тој не е расист. Можам да ви го гарантирам тоа. Не можам да знам што било кажано или што не било кажано. Ние веруваме во зборот на Престијани, ги знаеме фудбалерите кои ги имаме дома“, рече Руи Коста.

За мечот на Бернабеу,суспендиран е и Мурињо кој нема биде на пресот пред и по натпреварот.