УЕФА го суспендира Престијани - нема да игра на реваншот против Реал!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) сè уште води истрага за инцидентот кој се случи во Лисабон меѓу Џанлука Престијани и Винисиус Жуниор.

УЕФА реши да го суспендира Престијани, но само на еден натпревар додека трае истрагата, а тоа значи дека фудбалерот нема да игра во реваншоте против „кралевите“.

„Продолжуваме со истрагата по сериозните обвинувања“, објави УЕФА и истражува дали Престијани расистички го навредил Винисиус.

Доколку се потврди вина, тогаш фудбалерот на Бенфика ќе паузира до 10 натпревари.