„Заслужуваме полна сала - со помош од Комити полесно ќе го средиме Мелсунген!“
Скопскиот клуб бара враќање на победничките патеки по поразот од Бенфика, а пред натпреварот Јака Малус испрати јасна порака до навивачите, барајќи силна поддршка и полна сала.
„Сите знаеме каков квалитет има Мелсунген, но на мечот со Алкалоид покажавме карактер и дека знаеме да реагираме по пораз. Мораме да одиме на победа“, истакна словенечкиот интернационалец.
Тој посебно ја нагласи важноста на атмосферата во Скопје:
„Заслужуваме полна сала. Со добра атмосфера нам ќе ни биде многу полесно, бидејќи во Германија не знаат за ваква публика. Се надевам дека со помош на навивачите ќе стигнеме до победа“, додаде Малус.
Вардар ќе се обиде да ја искористи домашната поддршка и да приреди уште една европска вечер за паметење, против ривал кој важи за еден од најквалитетните тимови во Германија.