Фудбалерите на Вардар денеска на тренинг-центар центарот „Петар Милошевски“ го игра натпреварот против Башкими, а и во овој дуел Комити приредија свое шоу.

Најверните вардарови навивачи во првото полувреме истакнаа кореографија со порака на која стоеше: 

„За Вардар пееме од нозе мали“, покрај пораката во тие моемнти беше приредено и пиротехничко шоу.

Ќе потсетиме, Вардар по 18 кола во првенството е лидер на табелата со 45 бодови, „црвено-црните“ со 15 победи и три нерешени резултати се и единствениот непоразен тим.