Победа воскресна - денеска ќе го пречека Новаци

Иако пред десетина дена беше објавено дека Победа згаснува и дека се повлекува од Втората лига, денеска прилепскиот клуб, сепак, ќе го одигра мечот против Новаци, прв од пролетната полуетапа.

Според информациите од Прилеп, високи фуннционери од овој град, како во ФФМ, така и во општинската организација, направиле напор експресно да се средат некои проблеми за поранешниот шампион на Македонија да го одигра мечот од 16. коло. Победа прво побара овој натпревар да биде одложен за среда, Новаци одби, но сепак прилепскиот клуб успеа да се среди и да направи тим за денешниот дуел.

Победа на овој натпревар ќе мора да игра без публика поради казната од ФФМ, но навивачите веќе се организираат да го следат мечот од место кое е во непосредна близина на стадионот „Гоце Делчев“.