Австралиска новинарка мртва пијана известуваше од ЗОИ! (ВИДЕО)

Зимските олимписки игри (ЗОИ) се главна тема деновиве поради настапите на спортистите, но и поради австралиската новинарка Даника Мејсон која мртва пијана известуваше за случувањата на настанот.

Новинарката имаше необично јавување, односно зборуваше бавно и кажуваше нешто што нема многу смисла, но притоа не ја тргна насмевката од лице, по што фановите ја обвинија дека била пијана.

Дел од медиумите објавија дека, по јавувањето, таа завршила во снегот и почнала да прави „ангели“, за што има и фотографии.