Синер и Алкараз итаат кон ново меѓусебно финале

Јаник Синер и Карлос Алкарас беа успешни во осминафиналето на турнирот во Доха, но не сосема лесно.

Синер прв излезе на теренот и го победи Алексеј Попирин со 2-0 во сетови – 6-3, 7-5. Италијанецот го реши првиот сет во своја корист, користејќи ја единствената брејк-топка, а слично сценарио беше и во вториот сет. Синер не му даде на противникот ниту една брејк-шанса, додека својата прилика ја доби при резултат 5-5. Не ја искористи првата, но по втората дојде до брејк и потоа на свој сервис стави точка на мечот.

Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Јакуб Меншик, кој претходно го победи Џижен Женг со 2-0.

Алкарас беше подобар од Французинот Валентин Роаје со 2-0 во сетови, по нешто повеќе од час и половина тенис – 6-2, 7-5. Шпанецот го разби својот ривал во првиот сет со два брејка, но во вториот се случи вистинска драма.

Роаје поведе со 5-2 и играше добро, но кога се чинеше дека ќе видиме трет сет, светскиот рекет број еден го засили темпото и брзо ја сврте ситуацијата во своја корист, освојувајќи пет гема по ред.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде Карен Хачанов, кој претходно го елиминираше Мартон Фучович со резултат 2-1.