Не е само Винисиус: И фудбалер на Јувентус се пожали на расизам (ФОТО)

Од вчера во центарот на вниманието е ситуацијата од натпреварот помеѓу Бенфика и Реал Мадрид каде што Винисиус Жуниор тврдеше дека расистички бил навредуван, но сега се огласи и уште еден фудбалер.

Имено, дефанзивецот на Јувентус, Лојд Кели преку социјалните мрежи се пожали дека бил жртва на расизам, меѓутоа надвор од теренот.

На Инстаграм тој објави коментар од незадоволен навивач кој му коментирал.

„Врати се во золошка градина“.

„Критиките доаѓаат ниц целиот живот и во спортот, тоа секогаш сум го прифаќал. Сите имаат право на свое мислење, но ова нема да го прифатам. Зборовите и делата имаат значење, но и последици“, напиша Кели.

Покрај тоа тој и ја означи личноста која го оставила коментарот.