Престијани демантира: Не го навредував расистички Винисиус (ФОТО)
Инцидентот се случи на натпревар во кој Реал Мадрид победи со 1-0 со гол токму на бразилскиот напаѓач во 50. минута. Аргентинскиот фудбалер објави фотографија со Винисиус и се обиде да ја објасни ситуацијата откако беше критикуван за наводна навреда на бразилската ѕвезда.
„Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не го навредив расистички Винисиус Јуниор, кој за жал погрешно го протолкува она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист и ми е жал за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, напиша Престијани на Инстаграм.

Џанлука Престијани е роден во Сиудадела, Аргентина, има италијански корени и игра како крилен напаѓач. Својата фудбалска кариера ја започнал во аргентинскиот клуб Велез, каде што одиграл 39 натпревари, постигнал три гола и една асистенција пред да потпише со Бенфика во јануари 2024 година за 9 милиони евра.
Првично играше за вториот тим на клубот од Лисабон, а сега е член на тимот на тренерот Жозе Мурињо. Вкупно има 45 настапи, три гола и четири асистенции за првиот тим, а оваа сезона има 30 настапи, два гола и две асистенции. Тој е под договор до летото 2029 година, има еден настап за аргентинската репрезентација, а Трансфермаркт ја проценува неговата вредност на 12 милиони евра.