Охрид лесно го реши Бутел за седма победа по ред во Суперлигата
„Гладијаторите“ тргнаа моќно во натпреварот и ги казнуваа грешките на Бутел за на полувреме да заминат со „плус шест“ (17-11).
Охрид доминираше и во вториот дел, односно поведе со +10, но Бутел успеа во завршницата од натпреварот да ја намали негативата на пет голови (28-33).
Најефикасни стрелци кај Охрид беа Никола Ристески и Ален Ќосевски со по седум голови, додека Дејан Михајловиќ за Бутел постигна осум погодоци.