Вардар изгуби, ама каква одбрана играше - може да биде и задоволен од поразот

Македонскиот вицешампион Вардар доживеа пораз со 35-40 од Бенфика во првото коло од главната фаза на ЕХФ Европската лига.

„Црвено-црните“ одиграа очаен натпревар, особено во одбраната, дозволувајќи му на не толку квалитетниот противник да постигне 40 гола. Особено лошо беше првото полувреме кое Бенфика го доби со 24-16.

Вардар почна мошне добро и ефикасно, во шестата минута беше 7-4, но по тајмаутот што го зеде домашниот тренер, Бенфика одговори со 10-4, а сметајќи до крајот на полувремето, направи 20-9. Вториот дел малку го поправи впечатокот, македонскиот претставник во неколку наврати намали и на пет разлика, а во финишот и на 34-38, но не успеа да дојде барем до бод од овој меч.

Дмитро Хориха и Мишел Тузолана постигнаа безмалку половина голови за Вардар, првиот девет, а вториот осум. Во второто коло, идната недела, нашиот тим го пречекува првиот фаворит во групата Мелзунген.