Одлуката на судијата при вториот гол на Жирона ги налути сите во Барселона (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона беа поразени од Жирона со 1-2 во 24. коло во шпанската Ла Лига, но големо внимание привлече вториот гол на домашниот тим.

При нападот на Жирона, Жил Кунде падна на тревникот откако беше нагазен од Ечевери, но судијата Сото Градо не ја прекина играта. Топката стигна до Фран Белтран, кој потоа со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите.

Во Барселона реагираа бурно поради одлуката на судијата, кој објаснуваше дека контактот бил минимален и го призна голот. Ситуацијата може да се погледне ТУКА.