„На Бенфика не ѝ треба ново чудо – сега може и нормално да го победиме Реал Мадрид!“
Португалците тогаш славеа со 4-2, а херој на натпреварот беше голманот Анатолиј Трубин, кој во 98. минута постигна драматичен погодок за историска победа. Токму тој гол ѝ обезбеди на Бенфика подобра гол-разлика и пласман во нокаут фазата, оставајќи го Марсеј зад себе во борбата за продолжување во елитното натпреварување. Сега, двата тима повторно ќе се сретнат на истото место, но тренерот Жозе Мурињо смета дека неговата екипа не смее да се потпира на чуда за да го елиминира големиот фаворит од Мадрид.
„Не мислам дека на Бенфика ѝ е потребно чудо за да го елиминира Реал Мадрид. Ни треба нашата апсолутно најдобра партија, речиси совршена. Секако, Реал Мадрид е Реал Мадрид – историја, знаење, амбиција, нема смисла да се споредува. Единственото што може да се спореди е дека Реал е огромен клуб, а Бенфика исто така е огромна. Фудбалот ја има таа моќ и можеме да победиме“, изјави Мурињо во пресрет на натпреварот.
По дуелот со Реал во групната фаза, Бенфика ремизираше со Тондела, а потоа запиша две последователни победи на домашен терен против Алверка и Санта Клара, што дополнително ја крена самодовербата во тимот.