Тоти се огласи и предизвика еуфорија во Рим
Засега не е познато во која улога, но Тоти потврди дека е многу блиску до договор.
„За мене Рома е мојот дом, секогаш била, дури и кога не бев таму. Во последно време кружат гласини. Вистината е дека разговараме за некои детали и одлучуваме што е најдобро за сите. Се надевам дека наскоро ќе ја решиме оваа ситуација“, изјави Тоти.
Тоти целата играчка кариера ја помина во Рома и е клупски рекордер по број на настапи (786) и број на голови (307).
Во дресот на Рома освои титула шампион (2001), два Купа (2007, 2008) и Италијански суперкуп (2001, 2007). Кариерата ја заврши во 2017 година, станувајќи директор на клубот, но во јуни 2019 поднесе оставка поради конфликт со тогашниот сопственик Џејмс Палота.