Удар за Италија: Тешко се повреди нивната голема скијачка надеж!

Една од најголемите надежи на оваа земја, 16-годишната Џада д’Антонио. доживеала тешка повреда на тренинг во велеслалом и со тоа за неа актуеланта сезона е завршена.

Според соопштението на Италијанската скијачка федерација младата скијачка ги скршила предните вкрстени лигаменти на десното колено и истовремено го истегнала истото колено. Операцијата е неизбежна и треба да се изведе наскоро, а точниот термин ќе биде одреден по консултација со семејството.

Д’Антонио важи за еден од најголемите таленти на италијанското алпско скијање, но и на светско ниво. Иако сè уште нема настапено во Европскиот куп, во северноамериканскиот веќе неколку пати заврши меѓу 15-те најдобри, со што привлече големо внимание во скијачката јавност.

И покрај тоа што нема бодови во Светскиот куп, ФИСИ ја номинираше оваа зима за три трки на Олимписките игри, како и за настап во тимската комбинација. Во слаломот на тимската комбинација не успеа да ја заврши трката, а нови настапи оваа сезона повеќе нема да има, бидејќи ја пропушти и вчерашната трка во велеслалом на ЗОИ.

Тешката повреда е голем удар за младата скијачка, која важеше за потенцијално изненадување на големата сцена. Пред неа е сега долг и напорен процес на опоравување, со цел да се врати на патеките во наредната сезона.