Превц по освоеното злато: Имам чувство како да гледам филм!
Словенецот беше втор по првата серија со должина од 138,5 метри, но во втората направи пресврт, скокна фантастични 141,5 метри и на крајот заврши како прв.
„Не знам, сега се чувствувам како да гледам филм, нешто се случува, а јас гледам што прави тоа момче Домен зад стаклото. Навистина нешто магично, прекрасно. Малку повеќе драма поради нападот во втората серија. Ова беше задоволство и за мене бидејќи завршив онака како што завршив“, рече Превц по освоениот златен медал.
Превц има совршена сезона, тој е лидер во светскиот куп, а победи и на новогодинешната турнеја „Четири скокалници“.
Фото: ЕПА