Mладите Пелистер без проблеми против фенерџијата Радовиш

Вториот тим на Пелистер без поголеми проблеми славеше победа над фенерџијата Радовиш со 37-26.

Младите ракометари на битолскиот состав доминираа од почетокот до крајот на натпреварот и не дозволија никаква шанса за изненадување на домаќините. Радовиш е последен на табелата и единствен тим кој во 21 натпревар има исто толку порази, па чудо ќе биде ако успее да се избори и наредната сезона да биде дел од најдобрите.

Победата на гостите од Битола беше најавена уште на полувремето кога имаа водство од 21-13 во продолжение Радовиш во ниту еден момент не успеа да ја загрози високата предност на противник, а Пелистер сигурно го приведе мечот кон крајот.

Најефикасен на натпреварот беше Петар Марковски со десет гола, а додека на спротивната Славе Јанковски броеше до осум.