Пред 24 часа потпиша за Феенорд, денеска го дочекал шок: Не смее да тренира во базата!
Сепак, само 24 часа по потпишувањето на договорот, Стерлинг бил шокиран кога се појавил на тренингот на холандскиот клуб. Оттаму му објасниле дека нема потреба да се подготвува за тренинг бидејќи не му е дозволено да биде на теренот со остатокот од тимот, ниту во теретана бидејќи воопшто му е забрането да тренира во тренинг центарот на Феенорд.
Оваа одлука ќе биде на сила сè додека Стерлинг не добие виза, односно работна дозвола, бидејќи нема пасош од Европската Унија.
Холандските медиуми пишуваат дека таквата одлука го изненадила Стерлинг бидејќи верувал дека сè е веќе решено и со нетрпение очекува конечно да се врати на теренот и да почне со тренинзи по шестмесечниот кошмар што го имаше во Челси.
Затоа, сè уште не е познато кога Стерлинг ќе дебитира во дресот на својот нов клуб, но сè во врска со неговата работна дозвола треба да се реши во наредните денови.