Костадинов го промени клубот, но остана во Чешка
Имено, Костадинов во финишот од преодниот рок се пресели во екипата на Словачко, екипа на која ќе се обиде да ѝ помогне до крајот на сезоната да избори опстанок во најсилното првенство во Чешка.
По зимската пауза Костадинов не одигра ниту една минута за Сигма и констатно беше на клупата за резерви, па затоа се одлучи за нов предизвик.
Во кариерата претходно македонскиот фудбалер беше дел од полски Пјаст Главице, словачките Руженборк, Вион и Банска Бистрица, додека во Македонија настапуваше за Тетекс.