Постекоглу „распали“: Тотнем не е голем клуб!

Тотнем оваа сезона изгледа катастрофално на теренот и поблиску е до борба за опстанок, отколку позициите кои водат во европските купови, а за ситуацијата коментираше нивниот поранешен тренер Анге Постекоглу.

Постекоглу го донесе првиот трофеј за лондонскиот тим по долги години, и тоа со освојувањето на Лига Европа, меѓутоа не се спаси од отказ.

„Тие изградија неверојатен стадион, тренинг-центар, но кога ќе ги погледнете нивните трошоци и структура, ќе забележите дека не се голем клуб. Кога се обидувавме да купиме одредени фудбалери, не бевме конкурентни. Ги сакав Педро Нето, Ембуемо, Семењо и Гехи, но на крајот завршивме со Соланке и тројца тинејџери“, кажа Постекоглу.