Бивш фудбалер на Арсенал обвинет за уште две силувања!
Парти на крајот на минатата година беше на првото судење, а се изјасни за невин, но сега го чека нов проблем кој ќе мора да го решава.
Во тек е постапка која се води поради наводно силување на две жени, како и сексуален напад на трета, што значи дека фудбалерот ќе мора да ја докаже својата невиност.
Претходно Парти беше обвинет за случаи од 2021 и 2022 година, но новите обвиненија се за пријава за казнено дело од 2020 година кое било пријавено дури во август 2025 година.