Пелистер го растури Работнички, хет-трик на Булатовиќ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Пелистер остварија убедлив триумф против Работнички (4-1) во 17. коло од Првата лига, а српскиот фудбалер Лука Булатовиќ запиша хет-трик.

Булатовиќ го постигна првиот гол на мечот во 16. минута, а набрзо стрелаше повторно за предност од 2-0 на Пелистер. Сепак, Работнички успеа да го возврати ударот и да погоди преку Бесир Демири за да намали на 1-2.

Српскиот фудбалер го комплетираше хет-трикот на почетокот на второто полувреме, односно во 49. минута, додека конечните 4-1 ги постави Вилдан Керим во судиското надополнување.

Пелистер со 19 бодови се наоѓа на деветтото место, додека Работнички со седум поени е претпоследен во Првата лига.

Фото: facebook/Pelister