Македонија ЃП освои бод против Брера во Струмица (ВИДЕО)

Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров ремизираа на гостувањето во Струмица кај тимот на Брера во 17. коло од Првата лига.

Леонардо Петровиќ беше стрелец на голот за струмичани, кои поведоа во 20. минута, а тоа ги разбуди „лавовите“ кои тргнаа по израмнувачки погодок.

Македонија ЃП успеа да израмни во првата минута од судиското надополнување, откако Христијан Пецов промаши пенал, но одбиената топка стигна до него, по што ја испрати во мрежата на противничкиот голман.

Брера се наоѓа на осмото место со 20 бодови, додека Македонија ЃП е на 10. позиција со 16 поени.

Фото: Facebook/Brera Strumica