Проблеми во Мадрид: Уште една ѕвезда го крена гласот поради мала минутажа!

По проблемите со Дани Карвахал, кој најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, шпанскиот гигант има нова главоболка поради нездоволството на Давид Алаба.

Искусниот дефанзивец на „кралевите“ не е задоволен од својот статус во тимот и малата минутажа која ја добива оваа сезона.

Австрискиот репрезентативец не ја крие фрустрацијата поради фактот дека не добива шанса на теренот и бара објаснување зошто тренерот Алваро Арбелоа не му дава минутажа.

Засега не е познат ставот на „кралевите“ за иднината на Алаба, но најверојатно наскоро ќе биде донесена конечна одлука.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.