Mурињо може да стане селектор и тоа таму каде што најмногу сака!
Како што пренесува повеќе медиуми, Португалската фудбалска федерација планира ангажман на актуелниот тренер на Бенфика откако на сегашниот селектор Роберто Мартинез ќе му истече договорот по завршувањето на Мундијалот.
Мурињо во септември се врати на клупата на Бенфика, започнувајќи го својот втор мандат во клубот, со потпишан двегодишен договор. Сепак, според „ЕСПН“, луѓето во сојузот ќе се обидат да го ангажира 63-годишниот стратег за селекторската функција по заминувањето на Мартинез.
Во тој случај, најсериозен кандидат за негов наследник во Бенфика би бил Рубен Аморим, кој неодамна доби отказ во Манчестер јунајтед. Аморим како фудбалер помина девет години во клубот и и натаму ужива голем респект во татковината, особено по трофејниот период со Спортинг.
Самиот Мурињо уште во јануари минатата година, додека беше тренер на Фенербахче, отворено ја искажа желбата да се посвети на репрезентативниот фудбал. „
„Сакам да водам селекција на Европско или Светско првенство и да обединам една нација, како што многупати сум правел со клубовите“, изјави тогаш „Специјалниот“.
Во август, зборувајќи за поврзувањата со бразилската репрезентација, Мурињо исто така нагласи дека Португалија секогаш би била негов прв избор.
„Кога станува збор за репрезентации, мојата судбина е да ја водам Португалија на Светско првенство. Никогаш не сум размислувал за клупата на Бразил. Моето прво такво искуство мора да биде со Португалија“, порача Мурињо.