Морбидно: Украински олимпиец си ги стави мртвите другари на кацигата! (ФОТО)

Украинскиот знаменоносец на Зимските олимписки игри (ЗОИ), Владислав Хераскевич за време ан тренингот во скелетон во понеделникот во Кортина носеше кацига со фотографии од своите сонародници убиени во војната со Русија.

Пред четири години во Пекинг, украинскиот олимпиец на игрите во Пекинг носеше транспарент со натписот „Не за војната во Украина“, а пред настапот на овие ЗОИ вети дека ќе ја потсети јавноста на борбата во неговата држава.

„Некои од нив беа мои пријатели“, кажа Хераскевич за дел од загинатите лица кои се најдоа на неговата кацига.

Хераскевич кажа дека Меѓународниот олимписки одбор го контактирал и Украинскиот олимписки одбор поради неговата кацига затоа што на ЗОИ не се допуштени никакви политички, верски или расни пропаганди.

Фото: Facebook/Vladyslav Heraskevych OLY