Ужас: Фудбалер го загубил животот во улична тепачка - го убил неговиот брат!
Имено, според информациите на медиумите Перез влегол во конфликт со член на неговото семејство, а потоа ситуацијата ескалирала кога неговиот брат го удрил со скршено стаклено шише. Медиумите пишуваат дека ударот ја расекол неговата артерија на десната рака и тоа довело до значително губење на крвта.
Несреќниот голгетер кој имаше 29 години и претходно ги бранеше боите на второлигашот Алимранте бил експресно пренесен во болница, но за жал и покрај напорите на докторите да го спасат им подлегнал на повредите.
Инцидентот се случил во петокот вечерта.