Скандал во Бугарија: Фудбалер возел со 2.32 промили алкохол
Инцидентот се случил во главниот град на Бугарија, а полицијата состојбата на Бразилецот ја потврдила со алкотест, па поради тоа завршил во притвор каде што бил задржан 24 часа.
Раководството на бугарскиот клуб исто така брзо реагираше и соопштија дека нема да толерираат никакво нарушување на реномето на клубот.
„Сакаме да ја увериме спортската заедница дека ЦСКА ќе преземе адекватни мерки против Давид Пастор“, соопшти клубот.
Сепак, од клубот порачуваат дека очекуваат во иднина Пастор да се докаже како вистински професионалец, па поради тоа јасно е дека нема да дојде до предвремен раскин на соработката.
Во ЦСКА, Пастор пристигна на почетокот на оваа сезона и досега одигра 19 натпревари.
Изявление на ПФК ЦСКА във връзка със случая с Дейвид Пастор 👇🏻
— ЦСКА (@CSKA_Sofia) February 9, 2026
https://t.co/Whq5baaltj