Драмата на Роналдо му користи на Салах - за тројно поголема плата се сели во Саудиска Арабија
Саудијците веќе бараат нова суперѕвезда која ќе го замени Роналдо, а изборот паднал на Мохамед Салах. Британските медиуми тврдат дека египетскиот репрезентативец речиси сигурно ќе се пресели во Саудиска Арабија, само уште не се знае неговиот нов клуб. Можно е да биде токму Ал Наср, ако Роналдо навистина си замине оттаму.
Поради тоа што се очекува да биде нова ѕвезда и заштитно лице на саудиската лига, Салах ќе ја триплира платата што ја добива во моментов во Ливерпул, а која изнесува 400 илјади фунти неделно. Тоа значи дека во Саудиска Арабија ќе заработува по 1,2 милиони неделно или над 52 милиона по сезона.
И тоа е далеку од она што го заработува во моментов Роналдо чија плата изнесува неверојатни 3,35 милиони фунти неделно или околу 200 милиони фунти по сезона.