Лапорта утре поднесува оставка на претседателската позиција во Барселона

Актуелниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта утре официјално ќе поднесе оставка на својата позиција.

Тој мора да го направи тоа за да ја почне кампањата за изборите за нов претседател кои ќе се одржат на 15 март. Месецов истекува неговиот четиригодишен мандат кој го одбележаа многу големи работи за Барселона: заминувањето на Лионел Меси, реновирањето на Камп Ноу, големата криза во која се најде клубот, но и воскреснувањето и освојувањето на тројната круна во Шпанија минатата година. Иако во големи финансиски проблеми, Барселона под водство на Лапорта успеа да освои две шампионски титули во Шпанија, два во Копа дел Реј и три во Суперкупот.

Лапорта веќе беше претседател на каталонскиот гигант во периодот од 2003 до 2010 година, период во кој Барса исто така забележа историски успеси.