Мистериозен инцидент на ЗОИ: Организаторите се сомневаат на саботажа!?
Проблеми се појавија на патеката за боб во Кортина, каде што полицијата и јавното обвинителство почнале истрага поради сомневања за саботажа.
Италијанските медиуми пишуваат дека на местото каде што се одржува натпреварувањето во боб, техничарите откриле заменети струјни кабли на агрегантот за напојување, што предизвикало сомнеж кај организаторите.
На терен веднаш биле испратени полицајци, а властите треба да откријат дали станува збор за намерен чин на саботажа или технички проблем.
Фото: EPA