Лион реди победи во Лига 1, Ендрик доби црвен картон (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лион ја продолжија победничката серија во Лига 1, откако вечерва триумфираа со 1-0 против Нант во 21. коло од домашното првенство.

Единствениот гол на мечот го постигна Павел Шулц во 25. минута од натпреварот, а Нант почна да доминира во вториот дел кога Ендрик заработи црвен картон.

Нант упати дури осум удари кон голот на седумкратниот француски шампион, но Лион успеа да го зачува водството од 1-0.

Лион е трет во Лига 1 со 42 бодови, додека Нант се наоѓа на 16. позиција со 14 поени.

Фото: Facebook/Olympique Lyonnais - OL