Нов кикс на Фиорентина: Торино во 94. минута си освои бод!

Фудбалерите на Фиорентина продолжија со лошите резултати во Серија А, откако вечерва не успеаја да го совладаат Торино (2-2) во 24. коло од шампионатот.

Касадеи во 26. минута погоди за предност на Торино, по што Фиорентина на стартот на вториот дел со погодоците на Соломон и Кин направи пресврт.

Фиорентина успешно се бранеше од нападите на „биковите“ до самата завршница, но Торино во 94. минута преку Марипан погоди за 2-2.

Торино се наоѓа на 13. позиција со 27 бодови, додека Фиорентина е на 18. место со 18 поени.

Фото: Facebook/ACF Fiorentina