Палмер постигна хет-трик и испиша историја во Премиер лигата

Англискиот репрезентативец и најголема ѕвезда на Челси, Кол Палмер постигна три голови против Вулвс (3-1) во Премиер лигата, а со тоа се запиша во историјата.

Палмер стана првиот фудбалер во англиската елита кој успеал да постигне три хет-трика во прво полувреме на натпревар.

Фудбалерот на Челси долго време го мачи повреда, па добива помала минутажа, но тоа не го спречи да се запише во историјата.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club