Норвежанка ѝ го „украде“ златниот медал на Ника Превц на ЗОИ (ФОТО)

Првиот медал за Словенија на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Италија го освои талентираната Ника Превц, која стигна до среброто, откако пред неа заврши Норвежанката Ана Один Стром.

Превц освои сребрен медал на малата скокалница на ЗОИ, иако пред стартот важеше за главна фаворитка за злато, меѓутоа првиот скок се покажа како пресуден на крајот.

Стром ја задржа предноста од 1,1 бод повеќе од Превц и на крајот го освои златниот медал за својата селекција.

Фото: EPA