Шок на „Сент Џејмс Парк“: Брентфорд ја продолжи мизеријата на Њукасл (ВИДЕО)
Њукасл веќе некое време игра многу лошо, но дуелот против Брентфорд го почна со гол преку Ботман во 24. минута. Радоста не траеше долго бидејќи Брентфорд со два погодоци во продолжение успеа да поведе со 2-1.
Бруно Гимараеш од пенал беше стрелец на вториот гол за Њукасл (2-2), но на пет минути пред истекот на регуларните 90 стигна нов шок „Сент Џејмс Парк“ кога Оутара погоди за конечни 3-2.
Фото: Facebook/Brentford FC