Хојлунд од пенал во 95. минута донесе радост за Наполи (ВИДЕО)
Првиот гол на мечот падна во третата минута кога Руслан Малиновски реализираше пенал, но потоа Наполи преку Расмус Хојлунд и Скот Мектоминеј направи пресврт (2-1).
Лоренцо Коломбо ја врати неизвесноста на мечот во 57. минута со голот за 2-2, а дополнителен проблем за Наполи беше црвениот картон на Хуан Хесус.
Наполи и со фудбалер помалку се обидуваше да дојде до трет гол, а тоа конечно им успеа од пенал преку Хојлунд во петтата минута од судиското надополнување.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот и остана на теренот до крајот на средбата.
Фото: Facebook/SSC Napoli