Новиот олимписки шампион има бизарна мана - никој не сака да спие со него во соба!
Со тоа беше откриено и дека тој има бизарен проблем поради кој никој не сака да спие во иста соба со него. Имено, Алмен и самиот призна дека силно рчи.
„Бидејќи навистина гласно рчам никој не сака да дели соба со мене, па секогаш добивам еднокреветна“, призна олимпискиот шампион по денешниот триумф.
И надвор од снежните патеки, Алмен не знае за мирно темпо. Летните месеци ги користи за опуштање со мотокрос, заедно со пријател од училишните денови. Нивните авантури ги носат низ Швајцарија, Франција и Германија, од една патека до друга.