Maроко на четири месеци пред почетокот на СП остана без селектор
Заминувањето на Реграги од селекторското место во Мароко доаѓа по поразот на оваа репрезентација во финалето на Африканскиот Куп на Нации по продолженија од Сенегал.
Мароко на турнирот беше домаќин, а трофеј на овој турнир чекаше 50 години, па поразот беше тежок удар за целата земја, а ќе потсетиме, Брахим Дијаз во финишот од регуларниот дел не реализираше пенал.
Сега, Мароко на четири месеци пред почетокот на Светското првенство ќе мора да бара нов предводник.