Миовски стрелец за Ренџерс - четврти гол во шкотската лига! (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски го даде својот четврти гол во шкотската Премиер лига во синиот дрес на Глазгов Ренџерс, по подолго време нашиот репрезентативец постигна и лигашки гол.

Македонецот денеска беше стартер против Килмарнок. Во текот на мечот имаше неколку шанси, а ја искористи таа која ја доби во 58. минута за зголемување на водството на неговиот тим на 2-0.

Миовски во претходните месеци даде повеќе куп голови, а во Премиер лигата не добиваше голема шанса за настап како стартер, конечно тренерот му даде простор за игра, тој ја искористи со погодок.