Перез најави ремонт: Реал Мадрид носи четири засилувања идното лето!?

Шпанскиот гигант Реал Мадрид планира следното лето да направи нов ремонт на екипата, а медиумите веќе најавуваат четири засилувања за поранешниот европски шампион.

Медиумите објавија дека во стручниот штаб на „кралевите“ веруваат дека се потребни засилувања на четири позиции, и тоа десен бек, централен бек, плејмејкер и десно крило.

Како можни решенија во следниот ред се споменуваат Витиња, Енцо Фернандез и Алексис Мекалистер, додека во одбраната би можеле да пристигне Шлотербек.

Засега не се откриваат имиња на фудбалери од позициите десен бек и десно крило за кои се заинтересирани „кралевите“