ФИФА ја прифати жалбата: Канте се пресели во Турција!
Трансферот на Канте за малку ќе пропадне поради аматерска грешка на Ал-Итихад, кој погрешно ги пополнил податоците во системот за управување со трансфери на ФИФА.
Турскиот гигант испрати жалба до ФИФА, а од Куќата на фудбалот експресно одговорија и му дозволија на Канте да го облече дресот на Фенербахче.
Фенербахче за трансферот на Канте ќе плати четири милиони евра, а во Ал-Итихад го испратија и Јусеф Ен-Незири.