Jaнис е пред заминување - четири клуба се во битка за неговиот потпис!
Познатиот НБА инсајдер Шамс Чарани објави дека Бакс веќе испратиле сигнали до екипите кои се обидуваат да го доведат 31-годишниот грчки суперстар и еден од најдоминантните играчи на денешницата.
Како што наведуваат извори на „ЕСПН“, четири клуба се моментално најактивни и најзаинтересирани за потписот на Адетокумбо: Мајами Хит, Минесота Тимбервулвс, Голден Стејт Вориорс и Њујорк Никс.
Во Милвоки наводно преовладува мислење дека циклусот на Адетокумбо во дресот на Бакс е завршен. По речиси 13 години во клубот, грчкиот ас, според американските медиуми, дури бил исвиркан од дел од домашните навивачи, што дополнително го зацврстило ставот на раководството дека е време за реконструкција на тимот.
Адетокумбо кој оваа сезона во просек постигнува 28 поени, 10 скокови и 5,6 асистенции исто така има желба да ја промени средината. Во клубот грчкиот кошаркар од 2013 година кога беше избран како 15. пик на драфтот.